Гути: Рамос знае дека погреши што си замина од Реал Мадрид

Серхио Рамос направи грешка што го напушти Реал Мадрид во Пари Сен Жермен и тој самиот го знае тоа, според поранешниот играч од средниот ред на „белиот балет“, Хозе Марија Гутиерез-Гути.

„Рамос знае дека направи грешка што отиде предалеку во преговорите за нов договор со Реал. Мислеше дека со оглед на неговата кариера и достигнувања, Флорентино Перез ќе го направи она што го сака играчот. Но, тој не знае дека за претседателот, клубот е пред се. Во принцип, кога ќе се достигне одредена возраст, договорите на сите играчи таму се продолжуваат за една година, но Серхио не го сакаше тоа. Тој навистина е легенда на Реал и веројатно има право да се однесува така. Можеше да ја заврши кариерата во Реал, но не ја искористи шансата. И излезе од задната врата“, му рекол Гути на Ел Чирингито.

Дефанзивецот минатото лето го напушти „Бернабеу“ како слободен играч и се пресели во Пари Сен Жермен, но неговата игра се уште е многу ограничена поради повреди. Неговиот договор е до летото 2023 година.