Гучи станува главен партнер на Алпин од 2027 година

Формула 1 добива нов визуелен и комерцијален идентитет, откако познатиот италијански моден бренд Гучи беше потврден како нов главен и насловен партнер на тимот на Алпин.
Соработката официјално ќе започне од сезоната во 2027 година, кога тимот ќе се натпреварува под новото име „Gucci Racing Alpine Formula One Team“.
Ова партнерство претставува историски чекор за најбрзиот циркус во светот, бидејќи Гучи станува првата луксузна модна куќа која се појавува како насловен спонзор на еден Ф1 тим.
Со доаѓањето на новиот партнер, Алпин комплетно ќе го промени својот визуелен идентитет. Познатиот бренд за обработка на вода БВТ (BWT), кој донесе препознатливи розови и сини нијанси на болидите од 2022 година, заминува во историјата.