Гуџуфи направи трансфер во редовите на турскиот шампион (фото)

Поранешниот младинец на Вардар, а потоа првотимец на Беласица, Бесар Гуџуфи верува дека одлуката да ја прифати понудата за трансфер во турски Бешкиташ е правилна и ќе му донесе развој во неговата фудбалска кариера. „Многу сум среќен што дојдов во најквалитетниот тим во Турција. Од денеска ќе имам само една цел. Ќе се обидам да бидам се подобар и подобар од натпревар во натпревар и верувам дека ќе постигнеме добри резултати заедно.“ – посочи Гуџуфи. Гуџуфи со Бешикташ потпиша петгодишен договор со неделна плата од 8000 евра, а Беласица од трансферот заработи 480 000 евра. Гуџуфи е еден од најголемите таленти, македонски младински репрезентативец и голема иднина, кој во Турција го гледаат како „новиот Елиф Елмас“.