Давиде Маса ќе ни суди в недела против Исланд
Македонија по победата над Ерменија и ремито на Романија против Исланд е во ситуација сама да одлучува дали ќе игра бараж за пласман на СП во Катар наредната година.
Победа на домашен терен против Исланд ќе значи освојување на второто место во групата и потврда на историскиот успех. Денес беа одредени судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на натпреварот меѓу Македонија и Исланд, а таа доверба му е дадена на Давиде Маса од Италија.
Главен судија: Давиде Маса (Италија)
Помошници: Даниеле Биндони и Стефано Аласио (Италија)
Четврти судија: Симоне Соза (Италија)
Вар-судија: Сандро Шерер (Швајцарија).