Даглас Луиз заминува од Јуве ова лето

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луис, речиси сигурно ќе го напушти клубот во текот на летово.
За неговиот потпис конкурираат тимови од Англија како и италијанскиот Комо. Според наведеното, бразилскиот интернационалец не крие дека има намера да се врати во Премиер лигата.
Тој речиси пет сезони настапуваше за Астон Вила. „Старата дама“ за неговиот трансфер ќе бара најмалку 40 милиони евра.