Даглас Луиз зимава се враќа во Премиер лигата?
Даглас Луиз летово дојде во Јувентус како големо засилување вредно 52 милиони евра, но досега не ги исполни очекувањата и не му оди во Серија А.
Од неговото доаѓање, освен што имаше проблеми со повредите, Даглас Луиз само два пати беше стартер, направи два пенали и главно беше меѓу полошо оценетите играчи во тимот на Тијаго Мота.
Бразилецот забележа само девет настапи во сите натпреварувања, а на теренот мина само 312 минути, па јасно е дека минува низ тежок период.
За споредба, Јуве го купи откако минатата сезона експлодираше за Унаи Емери и постигна 10 гола со 10 асистенции во сите натпреварувања, иако играше како бек или централен играч за врска.
Според најавите од Италија тој е подготвен да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата. Засега нема информации кој клуб би бил заинтересиран да го доведе.