Даглас Луиз конечно задоволен од позицијата и минутажата во Јуве

Фудбалерот на Јувентус, Даглас Луиз, имаше гол и асистенција во победата на теренот на Лече во вчерашниот меч во Серија „А“. Тој не крие дека е среќен по победата.
„Задоволни сме од играта и од победата. Имавме добро прво полувреме но, мораме да се подобриме и да играме подобро во текот на целиот натпревар.
„=Три бода на гостински терен секогаш се значајни. Верувам дека можеме да одиграме многу подобро. Милам дека ја имам вистинската позиција на теренот“, нагласи фудбалерот на „старата дама“ од Торино.