Даглас Луиз се сели во Јуве, двата клуба постигнаа договор

Јувентус постигнал договор со Астон Вила за трансфер на бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз, пренесува Фабрицио Романо.
Неколку европски гиганти го сакаа Бразилецот, но Јувентус ја победи конкуренцијата и од поодамна постигна договор со агентот на играчот.
Астон Вила мораше да продава поради финансиски фер-плеј, па двата клуба веќе една недела беа во преговори.
Цената на трансферот ќе изнесува 55 милиони евра, но Јувентус ќе плати 30 милиони и двајцата талентирани фудбалери, Илинг Јуниор и Баренечеа.