Даглас Луиз ќе биде наследникот на Каземиро во Јунајтед

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.

Тој игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ нема да жалаат пари да го доведат на „Олд Трафорд“ бидејќи во него гледаат идеална замена за Каземиро.

Астон Вила за неговата слобода на лето ќе бара 80 милиони евра и нема да разгледува помали понуди.