Далас Маверикс во чест на Новицки го повлече неговиот дрес со број 41

НБА тимот Далас Маверикс на специјална церемонија му искажа огромна чест на легендарниот Дирк Новицки. Неговиот дрес со број 41 беше подигнат во салата каде настапуваат Маверикс.

Овај настан се случи после две години откако популарниот германски кошаркар објави дека се повлекува од активното играње. 

Новицки пристигна во екипата од Далас во 1998 година како деветти пик на драфтот, и целата своја кариера ја помина во редовите на тимот од Тексас, со кого стана НБА шампион во 2011 година.

https://twitter.com/dallasmavs/status/1478967206071439362?s=20