Далас нема да му понуди договор на Кемба Вокер

Кемба Вокер не успеа да го убеди стручниот штаб и раководството
дека треба да добие подолга шанса во редовите на Далас и останува
без ангажман.
Маверикс соопштија дека го ослободуваат од обврските НБА
ветеранот, кој во редовите на Далас има просек од 8 поени и 2,1
асистенција на 9 одиграни натпревари.
Најдобриот настап на Вокер беше во поразот од Кливленд, кога тој
постигна 33 поени, користејќи ја шансата поради отсуството на
Дончиќ и Динвиди. Далас реши да му додели отказ на Вокер еден ден
пред тој да добие гарантиран договор за до крајот на сезоната.
Вокер има проблеми со хронична повреда на коленото веќе неколку
години, па во минатото имаше слични кратки соработки со Оклахома
Сити, Њујорк и Детроит.