Далиќ: Бразил е фаворит, но нема да се предадеме без борба
Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ, смета дека Бразил е фаворит во натпреварот помеѓу двете селекции во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
„Да бидеме на чисто, Бразил е фаворит на овој дуел. Во секој случај, мислиме дека можеме да се натпреваруваме против Бразил. Мораме да бидеме многу интелигентни во нашиот пристап. Не можеме премногу да ја отвораме играта, но исто така не треба да се повлекуваме премногу. Не се плашиме, ние веруваме во себе и имаме голема самодоверба после последните натпревари“, изјави селекторот Далиќ на прес-конференција за медиумите.
Четвртфиналниот дуел од Мундијалот во Катар помеѓу селекциите на Хрватска и Бразил ќе се одигра во петок 9 декември од 16.00 часот.