Далиќ: Не смее да не залажи веста за криза во редовите на Белгија

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ во изјава пред одлучувачкиот натпревар на неговата селекција за пласман во нокаут фазата на СП со Белгија, вели дека после овај дуел ќе нема шанса за поправен резултат.

„Ќе играме против екипа која е на второто место според рангирањето на ФИФА. Белгија е одлична репрезентација. Овај дуел е подеднакво важен и за нас и за нив. Ќе биде тежок меч и нема да не залажи нивната слаба форма и вестите за криза во нивниот табор“, вели Далиќ.

Хрватска својот натпревар од последното коло во групата Ф против Белгија ќе го одигра на стадионот Ахмед бин Али. Коцкестите се водечка екипа во оваа група со четири бода колку што има и Мароко, Белгија е трета со три бода, а Канада е без бодови и е елиминирана од понатамошните натпревари.