Далиќ ѝ се извини на нацијата за поразот во Кардиф

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, истакна дека поразот од Велс вечерва во Кардиф е апсолутно заслужен.

Велс славеше со 2-1 на оваа средба, по која сега „коцкестите“ имаат крајно сложена ситуација во која дури и две победи следните две кола да не им гарантираат пан кон ЕП.

Хари Вилсон погоди два пати за победа на Велс, а по поразот, селекторот Далиќ се обиде да релативизира, односно да им се извини на навивачите за новото понижување.

„Заслужен пораз. Велс беше подобар, поагресивен, играше со поголема желба, ги реши своите ситуации. Имаме проблем во нападот, немаме идеи како да дојдеме до голот, ова е навистина лошо“.

„Се доведовме во тешка ситуација, имавме изгледни шанси овие неколку натпревари, но сега зависиме од останатите. Ги чекаме следните два меча, но сега мора да се молиме на друг. Лош натпревар, бевме безидејни, не знам што би рекол после ова. Мора да го пребродиме ова и да се свртиме кон следните натпревари, ова за нас е да се биде или не“, порача Златко Далиќ