Дали Влаховиќ ќе го издаде Јуве и ќе потпише за Интер?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а откако одби да му биде намалена платата за да ја продолжи соработката, клубот јасно му стави на знаење дека ги брои последните денови во клубот. Математиката на Јувентус е јасна, летово мора до го продаде Влаховиќ за да заработи од неговиот трансфер.

Душан Влаховиќ, како што тврдат италијанските медиуми ќе го напушти Јувентус, но ќе остане во Серија А. За да се реализира ова сценарио во игра треба да влезе и ПСЖ.

Имено, во потенцијално еден од најневеројатните трансфери, Влаховиќ би се преселил во Интер. Од овој трансфер Јувентус би заработил помеѓу 25 и 30 милиони евра што е далеку под пазарната вредност на напаѓачот.

Во зелката треба да се вклучи и ПСЖ. Домино ефектото би го задржал Рандал Коло Муани во Јувентус, а Маркус Тирам од Интер би се преселил во ПСЖ.

Интер чека понуда за Тирам за да може да влезе во траката за потписот на Влаховиќ, тврди„ Тутомеркато“. Јувентус парите од трансферот на Влаховиќ би ги искористил да го откупи договорот на Коло Муани од ПСЖ.