Дали пропаѓа договорот меѓу Порше и Ред Бул?

Преговорите меѓу Ред Бул и Порше за влез на Германците во Формула 1 пропаднаа, објави германскиот сајт F1-insider, повикувајќи се на извори блиски до двете страни.

Уште пред март, Бордот на директори на автомобилскиот гигант Volkswagen Group одобри идно учество на два од брендовите на групацијата: Ауди и Порше да учествуваат во Формула 1. Ред Бул тврдоглаво не негираа дека преговараат со Порше, но секој пат тие прецизираа дека се уште не постигнале договор. Меѓутоа, сега е многу поверојатно дека воопшто нема да се постигне таков договор.

Се испостави дека Ред Бул и Порше не се согласуваат за голем број прашања. Се претпоставуваше дека Порше ќе купи 50% од Ред Бул Технолоџис, компанија која ги произведува Формула 1 болидите на Ред Бул и која е и шеф на Red Bull Powertrains, каде што ќе се произведуваат погонските единици на тимот за Формула 1. Но сега станува јасно дека, всушност, Ред Бул сакал да задржи повеќе од 50% од акциите и, во пракса, Порше да биде малцински акционер.