Дали Роналдо ќе го повтори „случајот Меси“?

Се е подготвено за големото враќање на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и сите неизвесности се минато, но не и онаа во врска со бројот на дресот.

Португалецот се прослави носејќи ја седумката на грбот, број кој некогаш беше во сопственост на легендарните Џорџ Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.

Сега е во рацете на Единсон Кавани, а доколку Уругваецот не попушти како Нејмар при доаѓањето на Меси во ПСЖ, Роналдо ќе мора да го промени бројот на дресот поради кој е препознатлив како КР7.

Друга солуција е да ја земе деветката која ја носеше во Реал Мадрид, но и таа е зафатена и ја носи Антони Марсија.

Доколку е утеха, бројот 28 кој го носеше во Спортинг е слободен, но јасно е дека Португалецот веќе одамна го има „надраснато“.

За потсетување, Меси претходно остана без „десетката“ во ПСЖ, од која не сакаше да се откаже Нејмар, па мораше да се задоволи со бројот 30.