Дамир Мулаомеровиќ нов селектор на Хрватска во кошарка

Хрватската кошаркарска федерација го назначи денеска Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим, на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено ја раскина соработката.
Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.
Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.
Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/02 со атински Панатинаикос.