Данецот Вестергард потпиша за Лестер

Тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс, потврди дека дефанзивецот на Данска и на екипата на Саутемптон, Јаник Вестергард ќе се пресели во таборот на „лисиците“.

„Имаме дозвола од Саутемптон да го купиме. Се надевам дека се ќе биде договорено, а потоа ќе видиме дали тој ќе стигне кај нас за време на викендот“, изјавил Роџерс.

Вестергард се пресели во Саутемптон во 2018 година, а пред тоа ги бранеше боите на Борусија од Менхенгладбах, Вердер Бремен и Хофенхајм.