Данецот Ларс Валтер е нов тренер на Еурофарм Пелистер
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека за нов тренер на тимот е назначен Ларс Валтер од Данска.
56-годишниот стручњак со клубот од Битола потпиша двегодишен договор. Неговото официјално претставување ќе биде по неговото доаѓање во клубот пред стартот на подготовките.
Валтер во Македонија доаѓа од Полска каде беше тренер на Азоти Пулави. Претходно ги има водено екипите на Флензбург, Порто, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење, Емсдетен, Хилдехајм, Конверсано, и тимовите од Данска, Роар Роскилде, Есбјерг и Вирум.