Данецот Хојлунд на чекор до „Олд Трафорд“
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/07/hojlund-1-1024x576.jpg)
Манчестер Јунајтед е подготвен ова лето да го купи фудбалерот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
Ерик тен Хаг е очаен да ангажира напаѓач и верува дека Хојлунд е најприфатливата опција во моментов. Разговорите за почетната сума се одржани и сега се бара решение за да се затвори договорот.
Јунајтед очекува Хојлунд да се приклучи заедно со уште еден фудбалер од Серија А во името на голманот на Интер, Андре Онана.