Данецот Јакобсен позитивен на ковид-19 на СП во Египет

Светската ракометна федерација објави дека репрезентативецот на Данска, Емил Јакобсен, е позитивен на ковид-19.
Тој заедно со неговиот цимер во хотелската соба ќе бидат ставени во изолација и нема да играат на денешниот меч со Бахреин. Воедно ИХФ најави дека од утре ќе стартува секојдневното тестирање на сите учесници на СП.
-ИХФ активно ја следи состојбата во врска со ковид-19 и континуирано ги подобрува условите. Затоа е одлучено да се примени нов ритам со PCR тестовите. Сите членови на делегациите како и сите судиите, службените лица и делегатите кои учествуваат на Светскиот шампионат ќе се тестираат за ковид-19 секој ден од 16 јануари“, стои во соопштението.