Даниел Гафорд го следи Дончиќ, Лејкерски пак се засилуваат од Далас

Лос Анџелес Лејкерс е во потрага по нов центар, а потенцијална опција за позицијата број пет би можел да биде поранешниот соиграч на Лука Дончиќ, Даниел Гафорд.

„Атлетик“ објави дека Гафорд е реална центарска опција за Л.А. Лејкерс, кој би можел да ги следи стапките на Дончиќ, кој на почетокот на годината беше трејдуван во тимот од „Градот на ангелите“.

„Мислам дека Даниел Гафорд е „петка“ која навистина добро би се вклопила во Лос Анџелес Лејкерс. Тој е реална опција, не е недопирлив во Далас“, се вели во извештајот.

Гафорд, кој има 26 години, има просечни 12,3 поени, 6,9 скока и 1,9 блокади во 51 натпревар за Далас Маверикс оваа сезона, иако моментално е надвор од тимот поради повреда.