Данило пак се повреди, ќе го скокне дербито со Фиорентина

Капитенот на Јувентус, Данило заработи уште една повреда на тренингот на Јувентус и сега е многу веројатно да го пропушти претстојното гостување на Бјанконерите кај Фиорентина во недела навечер, открива „Калчомеркато“.

32-годишниот фудбалер доживеа истегнување на тетивата на левата нога додека беше со репрезентацијата на Бразил за време на последната лигашка пауза. Првично се очекуваше дека тој ќе биде надвор од терените за период од околу 20 дена, па неговиот ангажман на натпреварот со Фиорентина никогаш не беше загарантиран.

Состојбата во последните денови му даде надеж на Масимилијано Алегри дека може да смета на него за гостувањето во Фиренца. Сепак, Данило сега заработи нов проблем со мускулот на ногата и сега шансите да игра против Фиорентина се речиси никакви. Впрочем, сосема е веројатно дека ќе го пропушти и натпреварот против Каљари следниот викенд.