Данил Медведев е нов светски рекет број еден

Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот најдобро рангиран играч во светот. Тој од овој понеделник е на првата позиција од АТП листата со 8615 бодови, 150 повеќе од Србинот, Новак Џоковиќ.

Промената во врвот на светскиот тенис беше очекувана после завршувањето на Австралија Опен, каде досегашниот број еден, Џоковиќ не учествуваше поради добро познатите причини, додека Медведев успеа да стигне до финалето на турнирот.