Дани Алвеш штрајкува со глад во затворот во Барселона
Дани Алвеш отпочнал штрајк со глад во истражниот затвор во Барселона, откако судот ја одби неговата жалба.
Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во еден од тоалетите на ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година. Правниот тим на Дани Алвеш понуди да излезе со кауција, но судот ја одби неговата жалба.
Фудбалерот одлучил да штрајкува со глад и да не излегува од ќелијата откако и петти пат судот во Барселона ги одби сите мерки за да се брани од слобода.