Дани Карвахал спремен за враќање на терените

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, изјави дека е подготвен да игра по повеќе од осум месеци пауза.

33-годишникот заработи повреда на коленото во октомври, но се опорави и се надева дека ќе биде во составот за осминафиналето на Светското клупско првенство против Јувентус на стадионот „Хард Рок“ во Мајами кој се игра вечерва.

„Се соочив со тоа од првиот ден, знаејќи дека имам долгорочна повреда и дека морам малку по малку да поминувам низ фази и да не брзам со работите, што е најважно“, изјави Карвахал за „Мундо Депортиво“.

„Поминаа речиси девет месеци и подготвен сум повторно да играм. Се познавам себеси и знам дека кога ќе ме пуштат ќе дадам 100 проценти. Не се плашам и воопшто не ми недостасува самодоверба. Она што го забележувам е ритамот на играта. Тренирам со тимот две недели и можете да ја видите таа искра“, додаде Карвахал.