Дани Олмо не е подготвен, нема да настапи во Валенсија
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за физичката состојба на новопотпишаниот играч од средниот ред на неговата екипа, Даниел Олмо, во пресрет на натпреварот од 1. коло на шпанската Примера со Валенсија.
„Во моментов тој не е во физичка кондиција да игра на натпреварот. Дани многу доцна ги започна претсезонските тренинзи. Секој кој ќе влезе на теренот мора да биде 100% подготвен за ова“, изјави Флик за весникот „АС“.
За каталонскиот клуб утре, 17 август, ќе започне новата сезона во шпанското првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Местаља“ во Валенсија. Главен судија на овој натпревар ќе биде Хозе Санчез Мартинез.