Дарвин Нуњез го повреди рамото непосредно пред дуелот со Реал

Ливерпул победи против Њукасл во натпревар кој може да има сериозно значење во битката за излез во Европа, но „црвените“ и овој пат мораа да се соочат со еден негативен момент.
Стрелецот на првиот гол, Дарвин Нуњез заработи повреда за време на гостувањето кај Њукасл и сега е неизвесен за настап во Лигата на шампионите.
Уругваецот доживеа незгоден пад по кој се пожали на болка во рамото, а Јирген Клоп потврдил дека ситуацијта не е најдобра.
„Дарвин има некој проблем со рамото и затоа го повлеков од игра. Не знам дали ќе може да игра против Реал Мадрид. Засега е сигурна неговата болка од повредата, но прегледите ќе потврдат што се случило“, изјавил менаџерот на Ливерпул.