Дарио Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден огромен успех во својата кариера, откако победи на полумаратонот кој денес се одржа во хрватскиот туристички бисер, Дубровник.

Ивановски истрча најдобро време од еден час, шест минути и триесет секунди, уште еднаш потврдувајќи ја својата извонредна форма.