Дарко Велковски потпиша за првакот на БиХ

Македонскиот дефанзивец, Дарко Велковски кој се поврзуваше со Вардар и Железничар, на крајот заврши во Зрињски со кого потпиша едногодишен договор.
Денеска Велковски и официјално беше презентиран како ново засилување на актуелниот шампион на Босна и Херцеговина.
Македонецот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката до 2027 година.
Велковски во Зрињски оди по престојот во унгарскиот тим Нирегихаза со кој му заврши договорот. Дефанзивецот кариерата ја почна во Работнички, потоа играше за Вардар од каде замина во странство. Прво во Ријека, па Ал-Етифак, Динамо Букурешт и Нирегихаза.
Со одењето на Дарко Велковски во Зрињски се зголеми македонската колонија во БиХ, претходно за Сарајево потпишаа Ристовски и Елези, а во Радник Бјелина замина Чешмеџиев.