Дарко Грозданоски потпиша за прилепска Победа
Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот, односно „шпиц напаѓач“.
Во оваа улога за Победа во пролетната полусезона ќе настапува младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминава година и пол, но есенва беше позајмен и настапуваше за Тиквеш од Кавадарци. Притоа, на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола (против Вардар и Струга Трим Љум).
Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград, каде што тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ и други.