Дарко Димитриевски е нов ракометар на Ваљадолид

Македонскиот ракометар Дарко Димитриевски својата кариера ја продолжува во шпанскиот клуб Ваљадолид.

Димитриевски во Ваљадолид доаѓа од Германија, каде претходната сезона настапуваше за Емстеден, клуб кој се пресели во третата Бундес лига.

Тренер на нашиот играч во Ваљадолид ќе му биде поранешниот предводник на Вардар Давид Писонеро, а негов клупски колега ќе биде уште еден Македонец, Димитар Димитриоски.