Дарко Чурлинов доби извинување од својот тренер во Шалке

Екипата на Шалке славеше победа од 2:1 над Регенсбур, во натпревар каде македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов влезе во игра за време на второто полувреме.

Чурлинов својот настап за екипата го започна во 62.минута од средбата, но беше изваден од игра во 80.минута кога на негово место влезе играч од одбраната на Шалке.

Поради оваа причина, тренерот на екипата Димитриос Грамоцис, упати јавно извинување до Чурлинов во која објасни дека замената била од тактичка природа.

„Сакам да упатам извинување до Дарко. Свесен сум дека доколку бидете брзо заменети откако ќе влезете во игра, тоа делува лошо на играчот. Меѓутоа му објаснив на Дарко дека мораше да ја засилиме одбраната за да оствариме победа на крајот“ , изјави Грамоцис.