Дарко Чурлинов е нов играч на Барнли

Англискиот клуб Барнли кој се натпреварува во Чемпионшип лигата, и официјално го промовира ангажманот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како ново засилување во тимот.

Според информациите, Чурлинов потпиша четиригодишен договор со клубот предводен од Винсент Компани, а досегашниот клуб на македонскиот фудбалер,Штутгарт,како обештетување ќе добие 5 милиони евра.