„Дарувај крв, спаси живот“ – денешното мото

Денес на 25. мај, во организација на компаниите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа од Битола, беше успешно спроведена шеста по ред хуманитарна акција на која и се приклучија и компаниите ЈК Травел и Сн Финансии.
Акцијата „Дарувај крв, спаси живот“, беше успешно одржана во деловните простории на овие три компании. Покрај редовните крводарители, на хуманитарната акција имаше и граѓани кои доброволно се приклучија. На акцијата беа собрани 30 крвни единици, кои се директно дистрибуирани до одделението за трансфузиологија при Клиничкиот центар Битола.
Со оглед на тоа дека ова беше шеста по ред крводарителска акција, со гордост можеме да истакнеме дека уште од првата хуманитарна акција па досега имаме собрани вкупно 180 крвни единици со најдрагоцената течност.
Упатуваме голема благодарност до сите што учествуваа во оваа хуманитарна акција што значи живот.
Во иднина ќе продолжиме со организирање на вакви акции и ги покануваме сите компании кои сакаат да учествуват нека ни се приклучат зошто дарување на крв спасува живот.