Дајч размислува за враќање во Премиер лигата

Шон Дајч би можел да се врати во Премиерлигата само неколку месеци по отказот што го доби во Нотингем Форест, објавува „Football Insider“.

Според информациите на англискиот медиум, искусниот тренер е меѓу кандидатите за преземање на клуб од англиската елита.

Дајч во Нотингем Форест пристигна во октомври 2025 година, но на клупата се задржа само 114 дена. Во февруари 2026 година беше отпуштен по ремито 0:0 против Вулверхемптон.

Во текот на мандатот оствари 10 победи на 25 натпревари во сите конкуренции, но сепак не успеа долгорочно да ја стабилизира екипата.

По заминувањето од Форест, Дајч работи како фудбалски аналитичар на „talkSPORT“. На 1 октомври тој изјави дека во моментов не брза да се врати на тренерската работа, но остави отворена можност за нов ангажман доколку пристигне вистинската понуда.