Двата мадридски гиганти го сакаат Скалвини од Аталанта

Реал Мадрид и Атлетико се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Скалвини иако има само 19 години веќе стора сезона е стандаеден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација. Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.
Може да игра како централен дефанзивец и бек, а Реал веќе подолго време ги следи неговите настапи.
На лето двата клуба од Мадрид ќе се борат за неговиот потпис, а Аталанта за слободата на младата ѕвезда бара најмалку 40 милиони евра.