Двата милански клуба го сакаат Дани Себаљос

Милан и Интер се заинтересирани за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос.
Себаљос минатото лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но до сега има само три настапи и јасно е дека Анчелоти не смета на него.
Реал Мадрид го стави Шпанецот на трансфер листа, а миланските клубови сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат во своите редови.
Интерес за Себаљос покажува и Бетис, но Шпанецот преферира преселба во Серија А и неговиот агент веќе е во контакт со миланските гиганти.