Двата милански клуба го сакаат Јулиан Алварез од Сити
Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула.
Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа. Аргентинецот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти, Милан и Интер и да го донесат во своите редови на лето.
Сепак, Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, Гвардиола сака да го има во тимот и во моментов не е спремен да го пушти.
Притоа, неговата цена порасна повеќекратно, па миланските клубови тешко дека ќе можат да испратат понуда која ќе ги задоволи апетитите на „граѓаните“.