Двајца Англичани мораат во изолација

Двајца репрезентативци на Англија, Мејсон Маунт и Бен Чилвел, ќе мораат во самоизолација бидејќи беа во контакт со Били Гилмор, шкотскиот фудбалер кој е заразен со коронавирусот.

Маунт и Чилвел се соиграчи на Гилмор од Челзи и по натпреварот во саботата помеѓу Англија и Шкотска беа во близок контакт. Иако сите репрезентативци на Англија се негативни на коронавирусот, Маунт и Чилвел како мерка за претпазливост ќе одат во изолација, објави Англискиот фудбалски сојуз.

Тоа значи дека тие ќе го пропуштат натпреварот против Чешка.

За потсетување, ниту еден репрезентативец на Шкотска не оди во изолација и покрај позитивниот тест на Гилмор.