Два англиски гиганти преговараат со Асенсио

Арсенал и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата со шпанскиот репрезентативец, Марко Асенсио. Шпанецот влезе во последната година од договорот и на лето најверојатно ќе си замине како слободен агент.

Интерес за Асенсио покажуваат неколку европски гиганти, но најсилен е интересот на Арсенал и Ливерпул, па извесно е дека Шпанецот ќе се пресели во Премиер лигата. Ливерпул е спремен на лето да се раздели со Салах, па во Асенсио гледа идеална замена.

Двата клуба сакаат да го доведат без обештетување на крајот на сезоната и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.