Два гиганти го сакаат Гринвуд во летниот преоден рок

Барселона и Атлетико Мадрид покажуваат силен интерес за Мејсон
Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.
Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра
одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови.
Според последните информациите на шпанските медиуми, Барселона испратила скаути да го следат Гринвуд, но исто така напаѓачот е на мета на Атлетико Мадрид.
Манчестер Јунајтед за откуп на 22-годишниот фудбалер бара 40
милиони евра, а за Гринвуд интерес покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.