Два гола и две асистенции на Меси во победата на Интер Мајами против Колумбус Кру

Аргентинецот Лионел Меси одбележа уште еден натпревар во МЛС лигата.
Интер Мајами беше убедлив против Колумбус Кру синоќа , победувајќи со 5-1, а Меси беше најзаслужен за тој исход – постигна два гола и имаше две асистенции.
Веќе по 24 минути резултатот беше 3:0.
Меси доби „асистенција“ за првиот гол од голманот на гостите, Николас Хаген . Во обид да го помине соиграчот кој чекаше близу до аут-линијата, голманот само му ја додаде топката на Аргентинецот, што резултираше со пенал.
Меси исто така го имаше својот најдобар настап оваа сезона со асистенции за сонародникот Тадео Аљенде (за 1:0) и Фабрис Пико (за 5:0).
Луис Суарез исто така постигна еден гол за Мајами .
Со 10 гола на 13 натпревари, Меси е најефикасниот играч на тимот, а оваа сезона има и шест асистенции.