Два европски гиганти се распрашуваат за Де Лихт

Матијс Де Лихт може да ја промени клупската средина во летниот преоден рок. За 22-годишниот Холанѓанец главни кандидати ќе бидат лондонски Челзи и каталонскиот тим Барселона.

Според овој извор, Јувентус ќе размислува за продажба на Де Лихт доколку не се договори со неговиот агент да го продолжи договорот. Актуелниот договор меѓу Матијс Де Лихт и Старата Дама е до 2024 година.

Барселона е подготвена да понуди 75 милиони евра за Де Лих, а Челзи ќе се обиде да ја надмине оваа сума, бидејќи главниот тренер на „сините“ Томас Тухел има намера да ги засили одбранбените позиции на својот тим.

Де Лихт дојде во Јувентус во летото 2019 година, откако се пресели од Ајакс за 85,5 милиони евра. Оваа сезона, холандскиот дефанзивец постигна еден гол на 20 натпревари во италијанското првенство. Неговата трансферна цена во моментов се проценува на 65 милиони евра.