Два италијански клуба го сакаат Несторовски во своите редови

Илија Несторовски е во потрага по нов клуб, а како што стојат работите ќе остане во Италија.

Неколку клуба од Серија Б покажаа интерес за македонскиот напаѓач кој тренира индивидуално со цел да остане во форма за новиот ангажман. Најнови клубови на листата кои покажале интерес се Тернана и Парма.

Претходно со потписот на Нестор се поврзуваа Венеција и Палермо каде што во минатото настапуваше со голем успех. Исто така се споменуваше и Сампдорија.

Во последната сезона за Удинезе, Несторовски најголем дел помина на клупата за резерви, а повеќе шанса добиваше во финишот кога клубот го обезбеди опстанокот. Токму тие натпревари биле еден вид тест за Несторовски за новата сезона по кои Удинезе одлучи да не го задржи.