Два премиерлигаши го посакуваат Фримпонг од Баер Леверкузен

Арсенал и Ливерпул се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата. Премиерлигашите го следат неговите настапи и веќе ја започнаа битлата за неговиот потпис.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.