Два премиерлигаши го сакаат Жул Кунде

Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за стоперот на
Барселона, Жул Кунде, кој може да игра и по страничните позиции,
објави весникот „Мундо депортиво“.
Тимот од „Олд Трафорд“ и претходно беше заинтересиран за 25
годишниот играч кој во 2022 година ја напушти Севилја и се пресели
во редовите на Каталонците. За неговиот потпис беа платени 50
милиони евра плус бонуси.
Токму во тој период и Челзи се обиде да го ангажира Кунде но,
фудбалерот преферираше да остане на Пиринеите.