Два премиерлигаши го сакаат Калвин Филипс

Арсенал и Ливерпул сакаат во зимскиот преоден рок да го засилат средниот ред со играчот на Манчестер Сити, Калвин Филипс.

Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да го пушти уште во јануари и чека понуди за Англичанецот. Најсилен интерес покажуваат двата големи ривали, Арсенал и Ливерпул, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Арсенал верува дека идеално ќе се клопи во тимот на Артета и ќе помоге во трката за титулата. Од друга страна Клоп има потреба од уште еден играч за врска.