Два премиерлигаши го сакаат Рендал Коло Муани

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен.
Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола против Ал-Аин.
Јувентус сака да ја продолжи неговата позајмица, но според „Лекип“, тој би можел да се соочи со конкуренција од Англија бидејќи Челзи и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.
Челзи го следи Коло Муани веќе долго време, додека неговите физички карактеристики се она што Јунајтед во моментов го бара. ПСЖ би претпочитал да реализира траен трансфер, иако би претрпел значителна финансиска загуба.
Коло Муани пристигна во ПСЖ од Ајнтрахт во 2023 година за околу 90 милиони евра, но 26-годишникот не ги оправда очекувањата. Неговата моментална цена наводно е околу 59 милиони евра.